Home СОВЕТИ Како за 3 дена да ги прочистите белите дробови

Како за 3 дена да ги прочистите белите дробови

5804
G Natural

Mногу луѓе никогаш не запалиле цигара, а сепак имаат проблеми со белите дробови, додека други пушат по 45 години, а белите дробови сеуште добро им функционираат… сето тоа зависи од личност до личност, а ние во продолжение ќе ви кажеме неколку совети со помош на кои можете да ги прочистите белите дробови во рок од три дена.
Два дена пред да почнете со процесот на детоксикација, потребно е да ги елиминирате сите млечни производи од употреба. Телото треба да се ослободи од токсините на млечните производи пред почетокот на прочистувањето на белите дробови.

  • Испијте една чаша чај од билки пред спиење пред првиот ден на режимот. Тоа ги ослободува токсините во цревата кои можат да предизвикаат затвор. Белите дробови не смеат да бидат преоптеретени со отежната работа на било кој друг дел од телото во текот на прочистувањето.
  • Исцедете два лимони во 300мл вода пред доручек.
  • Пијте 300мл сок од грејпфрут. Доколку не ви се допаѓа вкусот можете да го замените со сок од ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои го подобруваат системот за дишење.
  • Пијте 300 мл чист сок од моркови помеѓу доручекот и ручекот. Сокот од моркови ќе ви помогне да ја алкализирате крвта во текот на трите дена на прочистувањето.
  • Задолжително e  да пиeте 400мл сок богат со калиум за време на ручекот. Калиумот делува како тоник за чистење. Пред спиење направете 400мл сок од брусница. Таа ќе ви помогне во борбата против бактерии во белите дробови кои можат да предизвикаат инфекции.
  • Нега на телото и вежби
  • Топла купка од 20 минути секој ден ќе му овозможи на телото преку потење да изгуби што повеќе токсини.Ставете 5 до 10 капки еукалиптус во сад со врела вода. Застанете над садот и ставете чист пешкир преку главата. Вдишувајте ја пареата се додека не се олади.

Бели дробови