Home ГОТВАЧ Како да направите вкусни „Принцес“ крофни

Како да направите вкусни „Принцес“ крофни

6244
G Natural

Состојки:

  • 12 јајца
  • 150 гр. путер
  • 250 мл. вода
  • 150 гр. брашно
  • 1 литар млеко
  • 12 лажици шеќер
  • 2 ќесички пудинг од ванила

Подготовка:
Ставете го путерот во 250 мл. ладна вода на оган и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, додајте го брашното. Тргнете го тенџерето од оган и матете брзо за да не се створат грутки.

Во меѓувреме изматете 6 јајца.

Посебно матете ги жолчките а посебно белките.

Откако добро ќе ги изматите, додајте ги во тенџерето и добро промешајте. Оваа смеса е доволна за 40 принцес крофни.
Наредете по една лажица од тестото во намрсена тава за печење. Оставете простор помеѓу секоја крофна затоа што при печењето тестото ќе порасне. Печете 7 минути во веќе загреана рерна на 220 степени, а потоа уште 13 минути на температура од 200 степени.
Изматете 6 јајца, пудингот, шеќерот и 100 мл. млеко. Посебно загрејте ги останатите 900 мл. млеко, па потоа постепено додавајте ја претходно изматената смеса со јајца и шеќер и постојано мешајте. Гответе се додека филот не се згусне, па тргнете го од оган и оставете го да се излади.
Откако крофните ќе се испечат, оставете ги да се изладат. Изладените крофни пресечете ги на половина и наполнете ги со филот. Крофните ставете ги на чинија за сервирање и посипете ги со шеќер во прав.
Добар апетит!

Принцес крофни