Home СОВЕТИ Како да го неутрализирате мирисот на лук?

Како да го неутрализирате мирисот на лук?

2971
G Natural

Доколку сте од оние кои обожуваат лук, тогаш знаете дека нема излегување од дома после конзумирањето.

Доколку некогаш сте се обиделе да го неутрализирате мирисот на лук, тогаш ви паднало на памет да ги измиете забите или да џвакате мастика, но и тоа не ви помогнало.

Иако многу добро ги знаеме овие работи, сеуште немаме идеја како да се справиме со непријатниот мирис на лук.

Ако веќе сте јаделе лук, а по некоја случајност треба да се видите со луѓе, „Фитвил“ ви ги нуди најдобрите решенија.

Напрајте си домашна лимонада или изедете еен лимон. Има и алтернативи, а тоа се портокал, грејпфрут и јаболко. Лимонската киселина во овие плодови може да ја намали активноста на бактериите во устата кои предизвикуваат лош здив.

Пробајте во устата да ставите нерѓосувачки челик. Се препоставува дека соединенијата од лукот се поврзуваат со металите во челикот и на тој начин се неутрализираат.

Испијте голема чаша млеко или јогурт.

Магдоносот и свежата мајчина душица исто така може да ви помогнат во неутрализирање на мирисот.