Home ГОТВАЧ гезме Како да ги направите познатите фалафел ќофтиња (видео рецепт)

Како да ги направите познатите фалафел ќофтиња (видео рецепт)

9496
G Natural

Состојки:

  • 200 гр сурова леблебија
  • 2 средни главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • пола китка магдонос
  • 2 лажици брашно
  • пола лажиче мелен ким
  • пола лажиче црвен пипер (може и лут)
  • по потреба сол и бибер
  • ако имате коријандер
  • 1 лажиче прашок за пециво

Подготовка:

Леблебијата прелијте ја со студена вода (нека има барем дупло повеќе вода од леблебија) и ставете ја да преноќи во фрижидер. Следниот ден исцедете ја и измијте ја.
Во сецко ставете ја леблебијата, кромидот, лукчињата и магдоносот. Се исетнете, но не да стане каша. Структурата треба да биде зрнеста.
Извадете ја смесата од сецкото, ставете го брашното, прашокот за пециво и зачините и се измешајте. Формирајте ќофтиња со дијаметар околу 4 см и ставете ги во длабоко масло да се пржат.
Кога ќе се зацрвенат од сите страни извадете ги на хартија да се впие вишокот маснотија. Од оваа излегуваат околу 18 ќофтиња.

Добар апетит!