Home СОВЕТИ Како да бидете здрави ако веќе не можете без цигари

Како да бидете здрави ако веќе не можете без цигари

3211
G Natural

Се што во медиумите ќе прочитате за пушењето е препораката да ги оставите цигарите.

Сепак, што ако не сте меѓу оние кои успеале во таа мисија?

Како да го сочувате здравјето ако не можете без цигари?

Ви даваме неколку препораки.

Исхрана

Пушачите би требало да конзумираат најмногу овошје и зеленчук. Не би требало во исхраната да користите сол, дозволена е само морската, но во многу мали количини. Наместо тоа би можеле да ставите малку вегета во јадењата. Единствена киселина која можете да ја користите во салатите е балзамико. Оброците би требало да бидат богати со витамини. Исто така, мора да се вклучат и брокули, поради витаминот К, се јадат само со малку маслиново масло без киселина и сол. Сето ова можете да го комбинирање со риба и здраво месо: пилешко, мисиркино и телешко. Црените меса никако не се препорачуваат. Појадокот на пушачите би требало да биде овесна каша која се јаде со млеко или јогурт, но во неа не смее да се додава сол, ниту шеќер,  велат нутриционистите.

Чистење на белите дробови

Ако пушите цигара за цигара, може да ги затнете белите дробови. Направете пауза меѓу две цигари. Научете некои вежби за дишење, на пример оние кои се прават на јога или за време на медитација. Така ќе ги зајакнете белите дробови и нивниот капацитет. Правете инхалација со еукалиптус.

Сок од банани

Бананите ги содржат скоро сите познати витамини и минерали кои му се потребни на телото, а некои истражувања покажуваат дека ги намалуваат последиците од пушењето. Подобро е да испиете часа сок од банана, отколку кафе или некој енергетски напиток. Одлични се и за луѓето кои имаат срцеви проблеми поврзани со негативните емоции, затоа што го контролираат нивото на холестерол, а имаат високо ниво на калиум.

Вежбање

Трчањето го зголемува капацитетот на белите дробови, па секоја надворешна активност ќе ви помогне да се прочистите. Исто така, во последните 19 студии докажано е дека вежбањето ја намалува желбата за никотин кај пушачите. Сепак не е познато дали тоа влијае на успешноста кај оставањето на цигарите.

„Сигурно е дека вежбањето носи краткотрајна корист во смисла на тоа дека по вежбањето нема да посакате да запалите цигара. Затоа, секоја физичка активност е препорачлива“, вели др. Едријан Тејлор од Универзитетот во Ексетер.