Home ГОТВАЧ Јогурт диета: Стопете ги килограмите за три дена

Јогурт диета: Стопете ги килограмите за три дена

7314
G Natural

Во книгата на Ана Лук се опишува Јогурт диетата која стана интернет феномен поради едноставниот начин на примена, иако не е поддржана од некои поголеми научни истражувања.

Делувањето на јогурт диетата наводно се базира на пробиотичките својства на јогуртот да ја стимулираат работата за цревната флора, а која како последица го има брзото варење на храната, елиминација на токсините, па така и слабеење.

Кога храната темелно ќе се свари, воедно се унапредува здравјето на цревата, како и здравјето на целиот организам.

Со јогуртот можете да јадете свежо овошје, а треба да избегнувате зашеќерени јогурти.

Според верзијата на Ана Лук, јогуртот не се пие сам, туку со него се препорачува и конзумација на храна од дозолената листа.

Прв ден

Појадок: Наутро изедете овошен или обичен немасен јогурт со житарици по желба.

Ручек: На маслиново масло продинстајте зеленчук и на крајот помешајте со ориз. Освен сол и бибер, на зеленчукот немојте да додавате никакви зачини. За десерт изедете овошен јогурт.

Вечера: Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Значи, исецкајте еден морков, јаболко и 50 грама шунка и се пропржете на маслиново масло. Се заедно помешајте со немасен јогурт.

Втор ден

Појадок: За салата од краставици потребен ви е јогурт и краставица кои ќе ги исецкате на коцки и на крајот се заедно ќе измешате.

Ручек: Посолете и сварете малку мисиркино месо исецкано на коцки и испржете го на маслиново масло. Додајте сецкани шампињони и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додајте јогурт.

Вечера: Две чаши јогурт измешајте со неколку бобинки мешано шумско овошје.

Трети ден

Појадок: Со јогуртот измешајте сирење, исецкано јаболко, малку цимет и на крај малку посолете.

Ручек: Испечете 150 грама филе од ослиќ, а како прилог направете салата од јогурт, исецкана краставица и малку сенф.

Вечера: Згответе 100 грама тестенини, додајте една исецкана пиперка и варено јајце. Се заедно помешајте со јогурт.

Влијание на здравјето:

Пробиотичките јогурти се сигурно корисни за здравјето, но засега не постојат цврсти научни докази кои ја поврзуват Јогурт диетата со слабеењето, ниту со претходно изнесените теории за Јогурт диетата.

Краткотрајната примена на оваа диета (1-2 дена) сигурно нема да му наштети на здравјето на луѓето, но не се препорачува долготрајно практикување. Слабеењето најверојатно се постигнува со калориската рестрикција.