Состојки:
- 20 грама чоколадо за готвење
- 150 мл.цеден портокал
- 1 лажица мед
- 40 гр. мармалад од портокали
- 1 кора од портокал
- 30 гр какао
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 300 грама посни бисквити
Подготовка:
Бисквитите прелијте ги со сокот од портокал, додадете ги медот, мармаладот, ванилиниот шеќер, истопената чоколада и ренданата кора од портокал. Добро измешајте за да се изедначи смесата, па ставете ја во фрижидер на 30-тина минути.
Потоа правете топчиња, извалкајте ги во какао и послужете.
Добар апетит!