Home ГОТВАЧ гезме Интегрални стапчиња за грицкање со сирење и пиперка

Интегрални стапчиња за грицкање со сирење и пиперка

5066
G Natural

Обезбедете си кеса од овие пикантни интегрални стапчиња за грицкање и разубавете си го денот со квалитетна ужинка.

Состојки:

  • 120 грама сирење
  • 100 грама интегрално брашно плус брашно за подлога
  • ½ лажичка мелена пиперка
  • 1 лажичка сол
  • 55 грама путер
  • 1 лажица вода

Подготовка:
Измешајте ги и месете ги сите состојки додека не се формира тесто.
Додадете брашно доколку првичното тесто е многу меко.
Истенчете го тестото на подлога попрскана со брашно и исечете го тестото ( во форма на стапчиња)
Печете 15 минути на 200 степени.
Пријатен апетит!

Стапчиња за грицкање