Home ГОТВАЧ Храна подготвена на скара за здраво слабеење

Храна подготвена на скара за здраво слабеење

3479
G Natural

Подготувањето на храната на скара може значително да придонесе за вашата линија.

Ако не сте од оние кои може да јадат малку, а патите од некој килограм повеќе, време е да ја разгорите скара.

1. Додајте зачини
Најдобри зачини во борбата против дебелеењето се чилито и литата пиперка. Пробајте да измешате лута пиперка со ким, бел лук, соја, бибер и намачкајте го бифтекот пред да го ставите на скара.

2. Јадете интегрален леб
Интегралниот леб не само што ќе ви помогне да ја намалите тежината, туку влијае и на општото подобрување на вашето здравје.

3. Немојте да се плашите од црвеното место
Немасно парче месо има помалку калории отколку едно печиво, а на телото му е потребно повеќе време да го свари, па подолго ќе бидете сити.

4. Риба на жар
Конзумирајте морска храна бидејќи го подобрува вашето здравје. А, рибата на скара содржи највеќе протеини. Протеините не заситуваат, а не дебелеат.

5. Исчистете ја маснотијата
Изгледа очигледно, зар не? Но, размислете на следново: ако исечете половина сантиметар маснотија од месото, ќе елиминирате повеќе од 100 калории и 16 грама масност.

6. Зеленчук на скара
Зголеменото количество на зеленчук во вашата исхрана резултира со губење на тежината во период од 6 месеци. Обидете се да го подготвувате на скара, ќе се изненадите колку е повкусно.

7. Банана сплит на скара
Неизлупената банана пресечете ја на половина и ставете ја на скара две до три минути. Излупете ја, и одозгора ставете малку чоколаден сируп. Иако бананата е калорична, на овој начин ќе има 200 калории помалку од вообичаено.

Скара