Home ГОТВАЧ гезме ХИТ гезме – Пиперки полнети со урда

ХИТ гезме – Пиперки полнети со урда

20696
G Natural

Состојки:

  • 6 зелени пиперки
  • 300 гр урда
  • 1 јајце
  • 100 гр сирење
  • 2 лажици павлака
  • сол
  • бибер
  • зачини по желба
  • сечкан магдонос
  • масло

Подготовка:

Пиперките се мијат, се сушат, им се вадат дршките и се чистат од семки.

Во еден сад се мати јајцето со урда, им се додава изгмеченото сирење и павлаката и сечканиот магдонос. Се додаваат зачините и солта, но се внимава колку е солена урдата. Пиперките се полнат со смесата од урда. Се пржат на врело масло Кристал (се става повеќе масло). Можат да се сервираат топли, а можат и да се јадат ладни, како мезе. Пред сервирање се посипуваат со сечкан магдонос и сечкано луто пиперче.

Добар апетит !

Полнети пиперки