Home СОВЕТИ Еве како да ослабете 5 килограми за 7 дена

Еве како да ослабете 5 килограми за 7 дена

2506
G Natural

Овој режим на исхрана е исклучително лесен и ефикасен. Доколку се придржувате до упатствата, за една недела ќе изгубите 5 килограми.

Наутро:
Една чаша ладна вода со сок од еден лимон, на гладно, за прочистување од токсини и активирање на метаболизмот. Половина час откако ќе ја испиете водата со лимон треба да изедете 2 јаболки или 2 портокала. Може наместо тоа да земете и еден голем грејпфрут.
На тоа се додава и една рака јадки, бадеми, лешници и сл. Тие го активираат метаболизмот, ги содржат најполезните антиоксиданси за жената и го прочистуваат организмот од слободните радикали.

Ручек:
Оваа диета за ручек дозволува конзумирање на варено пилешко или телешко месо. Се јаде и по едно канче кисело млеко.

Ужина:
Свежа сезонска салата, со малку маслиново масло и многу малку сол.

Вечера:
Вечерата треба да биде пред 18 часот. Таа се состои од две тврдо сварени јајца плус салата од краставици или зелена салата, со малку маслиново масло и малку сол.

По 18 часот не се јаде ништо.
Направете еден литар зелен чај ( на 1 литар вода 4 пакетчиња чај), кој треба да го испиете пред да си легнете.

Практикувајте ја оваа диета седум до десет дена, во зависност од тоа колку килограми скате да изгубите.
За 7 дена би требало да изгубите 5 килограми.

Многу успех!

Диета