Home ГОТВАЧ главни јадења Едноставно но ефектно – Свинско филе со домати и димен кашкавал

Едноставно но ефектно – Свинско филе со домати и димен кашкавал

3871
G Natural

Овој рецепт го превземавме од куварот на Цептер, бидејќи е многу едноставен но ефектен.
Се што ви треба е свинско филе, малку готвачка умешност и секако, добар сад за говење.  Тимот на ХИТ кујна Ви ги препорачува садовите за готвење од Цептер.

Состојки ( за 4 лица):

  • Свинско филе – 12 помали парчиња
  • 1 чешне лук
  • 1 прстофат чили
  • 20 парчиња црна маслина
  • 2 свежи домати
  • 1 прстофат оригано
  • 12 парчиња чаден кашкавал
  • 100 мл бело вино
  • Сол и бибер по вкус

Цептер рецепт

Подготовка:
Измијте ги доматите, исечете ги на половина и отстранете го семето. Исечкајте ги и лукот и маслините.

Сите горенаведени состојки ставете ги во чинија и зачинете ги со толчено чили и оригано. Посолете по желба.

Месото печете го во загреана тава, по три минути од обете страни. Додадете го белото вино и оставете го целосно да испари. Исклучете го огнот.

На секое парче месо ставете од смесата со домати и маслини и парче димен кашкавал.

Поклопете ја тавата и оставете да отстои 5 минути.

Послужете додека е топло.

Добар апетит!