Сигурно сте слушнале за советот дека ако јајцето исплива на површина не би требало да го користите.
Тоа е апсолутно точно, а на сличен начин можете да ја проверете и свежината, односно староста на јајцето.
За овој тест ќе ви биде потребно само сад со вода.
Свежо јајце
Ако ставате јајце во сад со вода, а тоа веднаш паѓа на дното, тоа значи дека јајцето е потполно свежо.
Ако јајцето малку се подигне, тоа значи дека е старо неколку дена.
Јајце старо три недели
Ако јајцето падне на дното, но лесно се подигне кон површината, старо е околу три недели.
Старо или расипано јајце
Ако го ставите јајцето во сад со вода, а тоа веднаш исплива на површината, веројатно е расипано и со самото тоа не е за јадење.