Home ГОТВАЧ Домашна пита

Домашна пита

4057
G Natural

Состојки:

За тесто:

  • 700г Eкстра бело брашно од Жито Лукс
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол
  • Фил по желба

Подготовка:

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата, Се меси за да се соедини убаво целата маса се додека тестото не почне да се одвојува од садот и убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено. Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посип од брашно при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од зејтинот и се остава да одмори уште 10 минути. Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност од печката. Откако питата ќе се извади од печка, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.

Добар апетит!

PACKSHOT