Home ГОТВАЧ здрава храна Диета за вработени! За викенди јадете си по желба

Диета за вработени! За викенди јадете си по желба

3724
G Natural

Сите знаеме дека не е лесно да се практикува посебен режим на исхрана доколку сте на работа по цели денови. Сепак, немојте да губите надеж, бидејќи група американски нутриционисти неодамна објави диета за вработени, диета која ќе ви овозможи да се ослободите од вишокот на килограми.

Диетата се држи во текот на работната седмица, а во сабота и недела можете да си јадете по желба и да си дозволите некои мали задоволства во храната. Диетата држете ја по потреба. Рапсоредот на оброци е доста едноставен и е сочинет од оброци кои брзо се приготвуваат. Ако некои намирници не се достапни, заменете ги со некои кои се слични.
ПРВ ДЕН
Појадок -1 банана, 2 киви исечени на кришки
Ручек -салата од зеленчук и тестенини (70 g тестенини, 50 g кељ, 50 g брокули, 1 морков, 1 црвена пиперка)
Вечера-Телешка шницла на скара (250 g), 300 g шампињони динстани на водена пареа
ВТОР ДЕН
Појадок -2 децилитри сок од морков, 2 парчиња црн леб, 20 грама кравјо сирење
Ручек -сaлата со виршли (50 грама шпаргли или морков, 50 g грашок, 100 g варени виршли)
Вечера– Сецкан зеленчук (1 домат, 1 лук, 1 тиквица, 1 лажица изрендан пармезан, 1 лажичка масло)
ТРЕТ ДЕН
Појадок– Шоља чај без шеќер, 1 пециво, 10 g путер, 10 g џем
Ручек – Компир салата со една јаболка
Вечера – чинија супа, 200 грама филети од ослиќ, 100 грама варен морков, 100 грама шпаргли од тегла
ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок – 2 децилитри сок од јагода, 200 g круши исечени на парчиња
Ручек– 1 биопециво, 100 g кисели краставички, 100 g печени пилешки прсти
Вечера – 100 g варен ориз, 200 g варено цвекло
ПЕТТИ ДЕН
Појадок – 250 g ананас (може и од конзерва, но не го пијте сирупот)
Ручек– салата со зеленчук и јајца ( 100 g зелена пиперка, 50 g грашак, 50 g пченка, 1 домат, 1 варено јајце)
Вечера– риба со грашак (100 g филети риба, 2 лажички лимонов сок, 200 g грашок , 1 лажичка масло, 2 лажички павлака, сол, бибер)

Диета за вработениизвор: novalek.mk