Home ГОТВАЧ Џем од сливи со ванила и чоколадо

Џем од сливи со ванила и чоколадо

2997
G Natural

Состојки:

  • 5 кг зрели сливи
  • 1 кг шеќер
  • 1 пакетче цимет
  • 1 стапче ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 50 гр чоколадо за готвење

Подготовка:
Во подлабок плех подредете ги сливите, врз нив додадете шеќер, ванила прав или ванилин шеќер и цимет и се добро промешајте со раце. Рерната загрејте ја на 220 степени и печете еден час, со повремено мешање. Кога џемот ќе добие убава густина, со додаваат парчињата чоколадо и се меша додека се стопат и соединат со смесата. Џемот се исипува во претходно згреани тегли.
Кога џемот се исипува во тегла, задолжително теглата свртете ја наопаку и оставете ја така да отстои во текот на ноќта да се олади.

Џем од сливи