Home ГОТВАЧ Чоколадни коцки со лешници – готови се за 5 минути

Чоколадни коцки со лешници – готови се за 5 минути

2929
SHARE

Состојки:

  • 4 шољички (за кафе) мелен шеќер
  • ½ какао во прав
  • ¼ шољичка млеко со висока масленост
  • ½ шољичка путер
  • 2 лажички екстрат од ванила
  • Грст печени и сецкани лешници

Подготовка:

Премачкајте со малку маргарин или масло, сад со големина 10×10 сантиметри или пак на него поставете фолија за печење.
Измешајте ги шеќерот и какаото и ставете ги во сад кој може да се стави во микробранова печка.
Мешавината прелијте ја со млекото и додатете го парчето путер. Ништо не мешајте.
Садот ставете го да се згрее во микробранова печка две минути, додека путерот целосно не се стопи.
Извадете го садот од микробрановата печка, додајте го екстрактот од ванила и миксирајте на најјака брзина се додека не добиете еднолична кремаста смеса.
Додадете ги лешниците и се заедно измешајте.
Смесата ставете ја во претходно намрсениот сад и ставете ја во замрнувач околу 10 минути.
Извадете го садот, превртете го на рамна површина и добиената чоколадна плоча исечете ја на коцки.
Добар апетит!

Чоколадни коцки