Home ГОТВАЧ Брз колач со малини – без печење

Брз колач со малини – без печење

4840
G Natural

Состојки:

  • 500 мл. млеко
  • 150 гр. гриз
  • 100 гр. шеќер
  • 500 мл. вода
  • 300 гр. малини
  • 3 пудинга од ванила
  • 100 гр. шлаг

Подготовка:
Ставете го млекото во тенџере на оган да зоврие, па додајте го гризот и гответе околу 2 минути со постојано мешање. Смесата сипете ја во тава.
Во тенџере на оган ставете 500 мл. вода да зоврие, па додајте ги малините и шеќерот. Разматете ги трите пудинга и додајте ги во тенџерето, гответе се додека смесата не се згусне, па сипајте ја врз смесата со гриз.
Оставете ја тортата да се олади и стегне во фрижидер околу 2 часа, па врз тортата нанесете претходно подготвен шлаг.

Добар апетит!

Колач со малини