Home СОВЕТИ 5 „вкусни“ трикови за зачувување на домашниот буџет

5 „вкусни“ трикови за зачувување на домашниот буџет

2226
G Natural

Современиот начин на живот и недостатокот од слободно време не тера да се храниме нездраво и со брза храна. Истата не влијае штетно само на нашето здравје, туку и на нашиот домашен буџет.

Еве неколку корисни совети како да се храните убаво а притоа и да заштедите:

1. Искористете го ручекот од предходниот ден

Доколку живеете во пар и се враќате подоцна од работа,наједноставна опција е за ручек да купите пиле. Откако ќе го зачините, печете на 200степени околу 1 час.

Остатокот од пилето може да го искористите следниот ден за подготовка на ладна салата со пилешко месо, пченка, пченка и мајонез.

2.Гответе храна за неколку дена

Постојат јадења (грав, сарма, полнети пиперки) кои може да се јадат подолго време. Подгответе три јадења за време на викендот и уживајте цела недела во готвен оборок.

3.Појадок за вечера

Протеинска вечера може да се направи и без месо. Можете да подготвите кајгана или омлет со сирење, шунка, пиперка и кромид. Важно е да уживате во јадењето.

4.Микс салата

Оваа салата дозволува да искористите сѐ што имате на располагање. Единствено што е битно е да направите вкусна комбинација. Наш предлог: сецкани виршли, пченка, мајонез, сенф, кисели краставички.

5.Тестенини

Тестенините се нешто што може да се приготви на наразлични начини. Откако ќе ги сварите, направете сос. Исечкајте лук и кромид, пропржете ги и на крај додадете сос од домати и зачини. Друг предлог за сос е туна и варена пченка.

Како да заштдите

извор: МиГусто