Home ГОТВАЧ гезме 3 брзи рецепти за највкусни пржени лепчиња

3 брзи рецепти за највкусни пржени лепчиња

11024
G Natural

Кога ќе се споменат пржени лепчиња, поголемиот дел од нас се потсетуваат на детството.

Најчесто, со јогурт или млеко, ги јадеме за појадок.

А овие брзо се подготвуваат.

Пробајте
1. Пржени лепчиња со цимет
Состојки: 4 парчиња стар бел леб, 2 јајца, 2 лажици млеко, 1 лажица маслиново масло, лажица цимет, прстофат кафеав шеќер.

Подготовка: Измешајте ги јајцето, млекото, маслиновото масло и циметот. Загрејте тава на средна температура. Потопете го лебот во таа смеса и пржете додека двете страни не добијат смеѓа боја. По желба, попрскајте со шеќер. Сервирајте ги додека се топли.

Пржени лепчиња
2. Пржени лепчиња со ванила
Состојки: ¼ шоља брашно, 1 шоља млеко, 3 јајца, прстофат сол, прстофат цимет, 1 лажица екстрат од ванила, 1 лажица шеќер, 12 тенко исечени парчиња стар бел леб.

Подготовка: Ставете го брашното во голема чинија. Полека додавајте ги млекото, ванилата, циметот, солта и шеќерот додека не добиете мазна смеса. Загрејте тава на средна температура. Потопете го лебот во таа смеса и потоа пржете додека двете страни не станат кафеавкасти. Сервирајте ги топли.

Пржени лепчиња
3. Пржени лепчиња со рум
Состојки: 12 парчиња леб, 4 јајца, 2 кесички ванилин шеќер, 1,5 кесичка цимет во прав, 1 лажица рум, 1-2 лажици мед и масло.

Подготовка: Ставете ги јајцата, шеќерот, циметот и румот во голема чинија и соединете ја смесата. Загрејте ја тавата на средна температура. Пржете ги лепчињата во ова смеса додека не поруменат. Пржените лепчиња ставете ги на кујнска салфета, за хартијата да го упие вишокот маснотии. Ставете ги на чинија, па полијте ги со мед, по вкус и послужете. Можат да се послужат со џем или со крем.

Пржени лепчиња