Home СОВЕТИ Зошто кујнските ножеви стануваат „тапави“?

Зошто кујнските ножеви стануваат „тапави“?

1970
G Natural

Кујнските ножеви се основен алат во секоја кујна.

Квалитетниот кујнски нож е употреблив многу долго време но само доколку го одржувате на вистинскиот начин.
Ви откриваме пет најчести грешки кои предизвикуваат оштетување на кујнските ножеви.

1.Кујнските ножеви со врвен квалитет никогаш не треба да се ставаат во машина за перење на садови

Циклусот на перење го оштетува ножот и ја намалува неговата острина, а во допирот со останатите садови во машината доаѓа и до нивно гребење. Секогаш настојувајте вашите ножеви да ги миете рачно.

2. Сечкањето на намирници на керамичка, стаклена и метална површина ги оштетува кујнските ножеви

Во допир со овие површини се оштетува тенкиот раб на ножевите. Секогаш сечете на подлога од дрво или пластика.

Нож

3. Неправилното острење на ножот во потполност го уништува неговиот век на траење и ја намалува неговата острина

Еднаш до два пати во годината, овој начин на одржување на ножевите во кујната препуштете им го на професионалци, секако доколку не сте сигурни дека вие истото ќе го направите правилно.

4. Секој нож има различна острина и намена

Но поголемиот број на луѓе не се придржуваат кон упатствата за користење. Пред да почнете да го користете сетот од ножеви, информирајте се кој за што се употребува. Само на овој начин  ќе го употребувате со години.

5. Кујнските ножеви се чуваат на посебни места

Во дрвени футроли, на магнетни ленти или завиткани во кујнска крпа – на овој начин го спречувате нивното оштетување. Остриот дел од ножот секогаш користете го за сечење а додека тапавиот дел од истиот користете го за поттурнување на намирниците од даската за сечење.

Нож