Home СОВЕТИ Желудникот ќе ви се преврти кога ќе прочитате од што всушност се...

Желудникот ќе ви се преврти кога ќе прочитате од што всушност се прави маргаринот

2934
G Natural

Маргаринот се избелува со цел да ја изгуби валкано сивата боја, а белеењето настанува со помош на хемикалии и прав од некои видови на глина.

Години наназад стручните лица не уверуваа дека маргаринот е сосема здрава алтернатива за путерот, но вистината полека, но сигурно, излегува на виделина.

Ако сте токму еден од оние кои често употребува маргарин во својата исхрана, ве предупредуваме дека желудникот навистина може да ви се преврти откако ќе прочитате дека всушност оваа намирница се добива со процес кој е сличен на оној при правењето на пластика.

Основата на маргаринот се ефтини масла со сомнителен квалитет добиени од семки од соја, памук, репка и пченка.

Веројатно вреди да се напомене дека сојата е навистина опасна билка бидејќи моментално 98 отсто од посадите со соја се ГМО.

Маргарин

Од друга страна пак, памукот е една индустриска билка која е најмногу третирана со отровни пестициди и инсектициди и ако земеме предвид дека и пченката се смета за неквалитетна намирница токму поради ГМО производството, особено онаа која е по потекло од Аргентина – тогаш состојките за маргаринот стануваат навистина непожелни за исхрана.

Покрај тоа, тие се и особено штетни по човековото здравје. Маслото од семките од овие билки се добива со врело прецедување со што се добиваат големи количества на слободни радикали кои се заслужни за уништувањето на ќелиите во човечкиот организам.

Слободните радикали се причина број еден за предвремено стареење, а освен тоа може да предизвикаат и рак.

Маргарин

Во оваа намирница се кријат и опасни масла. На пример, маслото од семе од памук е една од најпознатите состојки на маргаринот, а за човечка употреба апсолутно не би смеело да се користи бидејќи во нерафинирана состојба се користи како пестицид поради токсинот госипол со кој памукот се штити. Семките од памук содржат големо количество на високо незаситени маснотии.

Тука е и маслото од репка кое е популаризирано последниве неколку години. Него го претставија големите компании за брза храна, a тоа им го овозможи генетски модифицираната верзија. Маслото од репка е вкусно, но неговите арома и мирис се дополнително додадени.

Откако ќе се измешаат сите масла, во нив се додава фин прав од никел кој служи како катализатор во процесот на хидрогенизација и комбинирање на транс-масните киселини. Некои производители користат и други видови на катализатори, но сепак сите тие се подеднакво токсични.

Со процесот на хидрогенизација се преработуваат маслата со додавање на водород при високи температури, а тука е и металниот катализатор во прав. Сето тоа се претвора во цврста и стабилна маст која успева да опстои на собна температура.

Маргарин

После делумната хидрогенизација, сировата маса на маргаринот е една смрдлива, леплива и сива маса која веројатно не би сакале ниту да ја погледнете. Со цел оваа маса да се ослободи од тврдите грутки се додаваат емулгатори налик на сапун, а потоа целата маса се меша. После додавањето на емулгаторите и уништувањето на грутките, масата на сировиот маргарин се чисти под висок притисок и со висока температура како би се отстранила смрдеата на хемикалиите.

Овој процес се нарекува уште и деодоризација бидејќи во маргаринот се додаваат и различни адитиви како би мирисал привлечно за јадење.

Понатаму, маргаринот се избелува како би се изгубила валкано сивата боја, а белеењето се прави со помош на хемикалии и прав од некои видови на глина. Следен чекор е додавање на жолта боја и природни бои налик на оние од путерот.

Кога маргаринот ќе престане да смрди, вкусот и понатаму останува неподнослив, а тогаш му се додаваат ароми, засилувачи на вкус и различни конзерванси.

Погледнете го и овој видео запис во кој се објаснува целиот процес на правење на маргаринот:

Извор: Телеграф.рс