Home ПИЈАЛОЦИ здрави Зелен чај, лек стар 4000 години

Зелен чај, лек стар 4000 години

2537
G Natural

Уште пред 4000 години, древните Кинези го пиеле зелениот чај, кој тогаш служел како лек против главоболка, депресија и болки во зглобовите.
Главната сила на зелениот чај се состои во големиот концентрат од антиоксиданси кои ги содржи. Со ова зелениот чај го спречува развојот и напредокот на болести на крвните садови, срцето и слободните радикали кои предизвикуваат рак.

Неодамна во Јапонија е направено истражување кое покажало дека луѓето на возраст од 40-79 години кои пиеле половина литар зелен чај во текот на денот, имале за 31% поламку срцеви заболувања од оние кои ова не го практикувале.
Исто така, зелениот чај го редуцира лошиот холестерол и позитивно делува на крвниот притисок.
Затоа не се двоумете, веднаш сварете си зелен чај и комзумирајте барем половина литар дневно.
Важна напомена: Никогаш не го подготвувајте зелениот чај со зовриена вода, туку со топла вода со температура од 60-90 степени. На овој начин ги зачувувате неговите лековити својства.

Зелен чај