Home ГОТВАЧ гезме Здраво а вкусно – Плескавици од спанаќ

Здраво а вкусно – Плескавици од спанаќ

8843
G Natural

Состојки:

  • 1 кг спанаќ
  • 2 јајца
  • Брашно по потреба
  • Вегета
  • Лук

Подготовка:

Измијте го, исечкајте го и малку обарете го спанаќот. Во сад ставете ги јајцата, потоа спанаќот па со рацете измешајте. Додадете ситно исечкан лук (едно чешне) и зачинете со вегета.
Измешајте, додавајте брашно (лажичка по лажичка) и мешајте додека да добиете поцврста смеса (не треба да биде прецврста).
Оставете да отстои во фрижидер околу еден час.
Потоа од смесата направете плескавици и пржете ги во врело масло.
Добар апетит!

Плескавици од спанаќ