Home ПИЈАЛОЦИ весели Врел љубовен напиток (рецепт)

Врел љубовен напиток (рецепт)

8200
G Natural

Состојки:

  • 400 мл полномасно млеко
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 1 чили (луто) пиперче
  • 2 лажичиња кафеав шеќер
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажица амарето ликер
  • 2 лажици рендано чоколадо

Подготовка:
– Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили пиперчето. Загрејте го до вриење.

– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.

– Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напитокот ставете го да се вари до вриење.

– Напитокот распоредете го во чаши и пред да го послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.

– На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.

Врел љубовен напиток