Home СОВЕТИ Внимание: Овие диети кои ги користат светските ѕвезди се најопасни

Внимание: Овие диети кои ги користат светските ѕвезди се најопасни

2739
G Natural

Од Британското диететско здружение порачуваат дека популарните диети не се баш најдобар начин за слабеење.

На листата на најлоши диети се наоѓа популарната Палео диета, поради недоволното внесување на калциум.

Стручњаците предупредуваат на диетата „Веган пред шест“, за која се зборува дека ја држи Бијонсе.

Како што се наближува Новогодишната ноќ се повеќе дами се одлучуваат за некоја од популарните диети, затоа што им е потребен брз начин за слабеење.

Но, британското диететско здружение предупредува дека популарните диети кои ги држат познатите дами се опасни по здравјето.

На листата која ја составило здружението, меѓу најлошите диети се наоѓа и Палео диетата или диетата „пештерски човек“.

Се зборува дека оваа диета ја држат Метју Меконахи и Меган Фокс, а таа советува исхрана како во каменото доба – избегнување на модерна храна, како што е леб, тестенини, житарки и млечни производи. Но, стручњаците тврдат дека таков начин на исхрана не е добар.

Исфрлувањето на млечните производи од исхраната може да предизвикаат слабеење на коските поради недостаток на калциум во организмот.

Диета

Сепак, јадењето на глина звучи многу повеќе грозно. Оваа диета ветува детоксикација на целото тело и слабеење, а подразбира да изедете една лажица глина дневно. Но, и овде можат да се јават сериозни проблеми – запек и труење со арсен.

На листата на најопасни диети се наоѓа и диетата „Веган пред шест“ – која, според некои извори, ја држи Бијонсе, затоа што јадењето на веганска храна до шест часот навечер може да ве наведе навечер да јадете нездрава храна. Поради тоа, од здружението велат дека „веганската исхрана автоматски не е здрава исхрана“.

„Постои опасност дека после шест часот навечер ќе внесете голем број на калории, заситени масти, сол и шеќер, а тоа ќе го поништи дејството на веганската исхрана. Јадење на различна храна во различно време од денот нема апсолутно никаква смисла. За вашето здравје најважен е балансот на хранливи материи“, велат од здружението.

Од здружението, во чиј состав има повеќе од 7.500 нутриционисти, советуваат и дека не треба да го исфрлите шеќерот од диетата. Иако некои познати личности тврдат дека тоа го направиле, тоа е скоро невозможно, затоа што тоа би значело дека треба да избегнувате овошје, зеленчук и костенесто овошје.

Диета