Home ГОТВАЧ гезме Вкусот на Италија – домашно лепче со маслинки

Вкусот на Италија – домашно лепче со маслинки

4163
SHARE

Состојки:

  • 500 гр. ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 1 квасец
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички ситно сецкан рузмарин
  • 250 мл. млака вода
  • 4 лажици маслиново масло
  • 70 гр. црни маслинки
  • 100 гр. сирење исечкано на коцки
  • 3 големи лажици масло за премачкување

Подготовка:

Ставете ја водата во поголем сад и ставете го квасецот да стаса. Откако квасецот ќе стаса додадете го брашното и замесете го тестото. Потоа додадете го маслиновото масло и солта. Замесете глатко тесто и оставете го покриено да отстои.

Откако тестото ќе стаса на набрашнета површина развлечете кора во правоаголна форма со димензии 25 см на 15 сантиметри. Врз кората додадете ги маслинките сецкани на кругови, сирењето и рузмаринот. Лепчето премачкајте го со масло за јадење.

Ставете го лепчето во намрсена тава. Печете 20 тина минути на температура од 220 степени целзиусови, се додека лепчето не добие златно румена боја.

По печењето ставете го лепчето да отстои завиткано во чиста крпа.

Добар апетит!

PACKSHOT