Home ГОТВАЧ гезме Вкусно: Запечена палента со домати

Вкусно: Запечена палента со домати

5071
G Natural

Состојки:

  • 7  чаши вода
  • 1 и  2/3  шолја палента
  • 1  шолја чери домати, сечени по должина
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 лажички сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • 6 листа свеж босилек

 

Подготовка:

Во сад ставете ја водата на среден оган и оставете да зоврие. Додадете сол и полека додавајте од палентата со постојано мешање. Намалете го огнот и мешајте додека палентата се згусне. Истурете ја на хартија за печење и оставете да се излади. Потоа исечете ја на коцки.

Загрејте ја рерната на 250 степени. Ставете ги парчињата палента на мрсна хартија за печење и секоја коцка намачкајте ја со маслиново масло. Печете 5 минути.
Извадете ја палентата од рерната и на секое парче ставете една половинка од чери доматите, малку пармезан и ливче босилек.
Печете уште 5-10 минути, додека пармезанот се истопи. Декорирајте со оригано и послужете веднаш.

Добар апетит!

Палента