Home ГОТВАЧ гезме Вкусно – Пита со праз и сланина

Вкусно – Пита со праз и сланина

6721
G Natural

Состојки:

тесто

  • 300 гр брашно
  • 120 гр маргарин
  • 80-100 мл вода
  • сол

фил

  • 1  праз
  • 50-100 гр чадена сланина
  • 3 јајца
  • 50 гр рендан пармезан
  • 2 дл павлака или хопла
  • 1 лажичка зачин
  • масло

Подготовка:

Брашното со рака се меша со солта и омекнатиот маргарин, се добива тесто зрнесто како песок. Се додава по малку вода, доволно да се замеси мазно, но тврдо тесто.
Додека се подготвува филот, тестото се чува во фрижидер.
Ситно сечканиот праз каратко се пропржува на масло  и се остава да се излади. Се матат јајцата и во нив се додава сечканата сланина и пропржениот праз. Се додава павлаката за готвење, изренданиот пармезан и зачин .
Изладеното тесто се развлекува со сукало. Кората треба да биде поголема од садот во кој ќе ја печете питата. Садот се премачкува со масло или маргарин  и се става тестото и на рабовите од садот. Тестото треба да се избоцка со вилушка на неколку места – во спротивно може да испука или да стане нерамно.
Врз тестото се истура подготвениот фил и се пече 30-40 мин на 180-200°С. По печењето се остава да се излади 10 мин и потоа се сече.
Може да се јаде и топла и ладна.

На здравје!

Пита со праз и сланина