Home ГОТВАЧ Вкусно и ровко – торта со плазма, кокос и ореви

Вкусно и ровко – торта со плазма, кокос и ореви

6203
G Natural

Состојки:

  • 1,5 литри млеко
  • 5 пудинга од ванила
  • 2 маргарина
  • 300 грама прав шеќер
  • 2 пакетчиња ванили
  • 300 грама мелени бисквити
  • малку сок од портокал ( или лимон)
  • 300 грама кокос
  • 300 грама мелени ореви

Подготовка:

Во тенџере го ставаме млекото, од млекото вадиме мала количина во друг подлабок сад за да може да ги раствориме пудинзите. Потоа го ставаме млекото на рингла и го вариме. Пудинзите убаво ги раствараме во млекото мешајки ги со лажица маталка. Кога млекото ќе почне да врие ќе ги ставиме и пудинзите и мешаме се додека не добиеме густа смеса. Кога е готов пудингот го тргаме на страна и го оставаме да се излади. Во друг подлабок сад ги матиме двата маргарина со 300 грама прав-шекер. Кога е пудингот изладен ги додаваме и изматените маргарини. Убаво мешаме и ги додаваме двете ванили. Смесата ја делиме на 3 дела во првиот дел ставаме 300 грама бисквити (мелени) и малку сок од портокал. Во вториот дел ставаме 300 грама кокос ( тоа ќе ни биде средниот дел). Во третиот дел ставаме 300 грама ореви ( мелени). Кога ни е се спремно ги мачкаме деловите ги редиме едно врз друго.Најодозгора ја мачкаме со шлаг. Готовата торта ја оставаме малку да одстои а потоа ја служиме.

Добар апетит!

Ровка торта

Извор: Popara.mk