Home СОВЕТИ Вкусни прилози за скара

Вкусни прилози за скара

3830
G Natural

Не трудете се да измислете „топла вода“. Скарата бара едноставни прилози.

Изборот на истите зависи од тоа како сте ја замислиле скарата, дали се работи за неделен ручек, забава во природа, детски роденден, вечера…

Во секој случај, неизбежни се свежите салати или само зеленчук (лук, домат, краставица), сирење, кајмак, маслинки, лута пиперка…

Ако за децата правите чизбургери, задолжителна е зелената салата, кечап, сенф и тост кашкавал.

Можете да направите помфрит или да испечете компир во рерна (едноставно е). Компирот исечете го на крупни парчиња, варете го неколку минути, а потоа зачинете го со сол и зачини (мајчина душичка, оригано, рузмарин, малку кора од лимон), додадете масло и печете во рерна се додека не добие крцкава кора.

Грилованиот зеленчук подгответе го заедно со месото (тиквички, домат, печурки, пиперка). Можете да го исечете на коцки и да направите ражнич или да ги исечете тенко и така да ги испечете.

Со риба направете компир со блитва или компир салата.

Кромидот исечен на тркалца посолете го и пржете додека не стане стаклест. Пред крајот додадете и лажица шеќер за да се карамелизира. Вака испржен, кромидот е одличен за сендвичи. Пробајте да направите стек сендвич со карамелизиран кромид, месо сечено на коцки, павлака и тркалца домат.

Прилог за скара