Home ГОТВАЧ гезме Вкусна тава со тиквички

Вкусна тава со тиквички

15935
G Natural

Состојки:

  • 4 тиквички
  • 2 млади компири
  • 200 мл јогурт
  • 60 г рендан пармезан
  • 150 г чаден кашкавал
  • малку маслиново масло
  • магдонос
  • 3 чешниња лук
  • сол и црн пипер
  • доматен сос по желба.

Приготвување:

Измијте ги  тиквичките, исечете ги на тенки листови или на кругови и ставете ги во врела посолена вода да се сварат само 30-на секунди. Извадете ги и исцедете ги од водата.

Тавчето за печење премачкајте го со маслиново масло. Потоа, почнете да ги редите тиквичките – ред тиквички, ред јогурт и ситно исечкан димен кашкавал, ситно исечканото лукче и магдонос, изренданиот  сварен млад компир. Повторно, врз нив, ред тиквички и останатите намирници. Редете едно врз друго додека имате од материјалот за готвење.

Сосема на крајот ставете го изренданиот пармезан, па зачинете по желба и додадете по желба доматен сос.

Тавчето ставете да се пече 20-на минути во претходно загреана рерна, на температура од 200 степени, се додека пармезанот сосема не се расопи и горниот дел стане малку крцкав.

Сервирајте ја вкусната тава со тиквички со препечен леб.