Home ГОТВАЧ главни јадења Вкусна летна тава

Вкусна летна тава

2418
SHARE

 

Состојки:

  • 150гр пиперки
  • 200гр моркови
  • 300гр модар домат
  • 2 лажици масло
  • 100гр кромид
  • 300гр бамја
  • малку чубрика
  • малку сол

 

Подготовка:

Исецканите кромид, моркови и пиперки ставете ги во тава да се динстаат, но кратко време, околу 2 минути. Додадете ги исчистените бамји и динстајте уште околу една минута. Зачинете со сол и чубрика.

Во меѓувреме излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на не многу тенки ленти. Ставете ги во плех премачкан со масло и печете ги во рерна околу 10 минути за да омекнат. Немојте да ги пржите, бидејќи ќе впијат многу масло и целата тава ќе стане премасна.

На крај во земјена тава наредете во следниов редослед: половина од модрите патлиџани на дното, потоа врз тоа истурете го динстаните зеленчуци и најгоре повторно поредете ги преостанатите парчиња модар патлиџа.

Ставете ја тавата во рерна да се потпече, но не многу долго. Отприлика десетина минути.

Добар апетит!