Home ГОТВАЧ Вкусна бајадера во три бои

Вкусна бајадера во три бои

3597
G Natural

Состојки:

  • 120 гр мелени ореви
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо

За шербет:

  • 350 гр шеќер
  • 100 гр вода
  • 2 лажици маргарин

Подготовка:
Шеќерот, водата и маргаринот се варат. Шербетот се дели во 3 садови.
Во првиот сад се ставаат оревите. Смесата се става во калап за бајадера. Се остава да се излади и стегнe.
Во вториот сад се става рендано бело чоколадо. Се меша додека не се растопи чоколадото и се истура врз првиот слој. Се остава да се излади и стврдне.
Во третиот сад се става рендано црно чоколадо. Се меша додека не се растопи чоколадото и се става врз белиот слој.
Совет:
Мора да почекате да се стегнат слоевите, бидејќи ќе ви се измешаат особено вториот и третиот слој. Додека чекате да се стегнат, шербетот ќе ви се излади затоа треба пак да го стоплите малку, за да може чоколадото да се стопи.

Добар апетит!

Тробојна бајадера