Home ГОТВАЧ Вкусен сладолед од само една состојка

Вкусен сладолед од само една состојка

2755
G Natural

Кога би ви кажале дека за сладолед неопходна ви е само една состојка, веројатно не би поверувале. Но, овој рецепт е доказ дека може да уживате во здрав, кремаст и освежувачки десерт подготвен за само 5 минути.

Тајната состојка е бананата. Таа е најспецифичното овошје со посебна текстура и богат вкус, без глутен и без додатни шеќери. Подготовката на овој леден десерт е доста едноставна, па затоа веднаш испробајте ја.

Подготовка:

Бананите излупете ги и исечкајте ги. Ставете ги бананите во чинија или кесичка и замрзнете ги. Оставете ги околу 2 часа, додека не се стврднат сосема.

Откако ќе ги извадите од замрзнувач, ставете ги во блендер и миксирајте додека не добиете густа, леплива смеса. Измиксираните банани ќе имаат совршена структура за сладолед и подготвени се за послужување.

Доколку сакате сладоледот да биде уште малку потврд, оставете ги сервираните топки уште неколку минути во замрзнувач.

Доколку  сакате да направите уште 4 различни вкусови додајте ги следните состојки:

  •  Кикирики – Во блендерот додајте 3 лажици путер од кикирики и 2 лажички мед
  • Нутела или било каков еурокрем – Во блендерот додајте 3 до 4 големи лажици Нутела
  •  Јагода – Во блендерот додајте грубо исечкани заледени јагоди и 2 лажички слатка павлака
  •  Чоколада – Во блендерот додајте 3 лажици горко какао, 2 лажици слатка павлака и малку екстракт од ванила

Совет: Кога ќе ги подготвувате вкусовите од јагода и чоколада, задолжително вратете ја смесата во замрзнувач додека кремот не се стврдне.

СладоледИзвор: lady.mk