Home ГОТВАЧ главни јадења Вкусен оброк – тортелини со колбаси и сос од домати

Вкусен оброк – тортелини со колбаси и сос од домати

3779
G Natural

Состојки:

  • 450 грама колбаси
  • 115 грама сецкан кромид
  • 500 грама тортелини
  • 500 грама домати од конзерва
  • 240 мл пилешка супа или вода
  • Сол
  • Бибер
  • 2 лажици крем сирење
  • 460 грама исечкано чедар сирење
  • Млад кромид за декорација

Подготовка:
Во масло пржете го кромидот додека не омекне. Додадете ги исечканите колбаси и пржете додека не заруменат. Додадете ја пилешката супа, доматите и зачините.Гответе не тивок оган околу 15 минути.

Во меѓувреме сварете ги тестенините ал денте.

Додадете го сосот со колбаси врз тестенините.Додадете ги сирењата но оставете и мал дел кој ќе го посипете врз тестенините додека сервирате. Покријте го садот и оставете да отстои десет минути.

Пред послужувањето, посипете со останатото сирење и парчиња млад кромид. Сервирајте ги топли.
Добар апетит!

Тестенина