Home ГОТВАЧ Вкусен колач со суво овошје

Вкусен колач со суво овошје

26493
G Natural

Состојки:

  • 130 гр брашно
  • 120 гр маргарин
  • 120 гр шеќер во прав
  • 5 јајца
  • 450 гр суво овочје, сечкано
  • 100 гр сечкани ореви или бадеми
  • 1 прашок за пециво
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • рум

Подготовка:

Сувото овошје (смокви, урми, кајсии, сливи, брусница, суво грозје…) се сечка на крупни парчиња и се натопува со рум, да стои 2-3 часа.
Прво се матат белките, цврсто.
Во друг сад се мати омекнатиот маргарин со шеќерот и се додаваат жолчките, една по една и постојано се мати. Се додава брашното измешано со прашокот за печиво, ренданата кора од лимон и ванила. На таа смеса се додава исцеденото суво овошје, оревите и се меша со лажица.
На крај се додаваат изматените белки и рачно се меша, внимателно.
Рерната се загрева на 220°С.
Смесата се пресипува во долгнавест калап за колачи, претходно намачкан со маргарин  и посипан со брашно..
Се става во рерна и се пече на 220°С околу 10 мин, потоа температурата се намалува и се пече на 170°С околу 50 минути.
Печениот колач се вади од калапот додека е топол и се остава убаво да се излади. Најдобар е кога ќе стои неколку часа, а потоа да се сече на парчиња.
Колачот може да се чува и неколку дена

Добар апетит!

Колач со суво овошје

hitkujna.com.mk/Што да готвам утре?