Home ГОТВАЧ Туфахии

Туфахии

4585
G Natural

Состојки:

  • 8-10 јаболка
  • 150 грама шеќер
  • Вода
  • Кесичка ванилин шеќер
  • Лимонов сок
  • 200 мл слатка билна павлака

Подготовка:

Измијте ги и излупете ги јаболките, издлабете им ја средината.
Ставете ги во сад со вода, додадете малку лимонов сок, 50 грама шеќер и ставете ги да се варат. Внимавајте да не се преварат. Извадете ги варените јаболка од садот и оставете да се изладат. Во садот во кој се вареа јаболките додајте го преостанатиот шеќер. Кога ќе згусне шербетот, додадете ги оревите и ванилата.
Со тоа полнете ги јаболките и секоја поединечно украсете ја со шлаг од билна павлака.

Совет:
Овој рецепт можете да го направите и со круши.

Туфахија