Home СОВЕТИ Топ 3 листа: Зеленчук кој го уништува целулитот

Топ 3 листа: Зеленчук кој го уништува целулитот

3472
G Natural

Во борбата против целулитот најважна е здравата исхрана со многу овошје, но и зеленчук.

Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни да го зајакнат сврсното ткиво.

1. Сладок компир

Еден од најстариот зеленчук кој го познава човекот воедно е и најхранливиот и најздравиот зеленчук кој е идеален во борбата против целулитот. Содржи калиум, витамини Ц и Е, како и бета каротен. Поради коренестиот протеин е одличен антиоксиданс. Воопшто, слаткиот компир е број еден зеленчук во подобрување на циркулацијата и елиминацијата на токсини – две нејважни работи кога сакате да го отстраните целулитот.

Сладок компир

2. Брокули

Овој зеленчук со зелена боја е одличен борец против целулитот поради три причини: прво, брокулата содржи алфа липоична киселина која помага против стврднувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на прехрамбени влакна. Конечно, брокулата е еден од најдобрите извори на калциум, одличен борец против целулитот.

Прокељ

Прокељот е одличен против целулит. Конзумирање на зелен лиснат зеленчук, во кој спаѓа и прокељот, е одличен сојузиник во бробата против целулитот. Овој зеленчук, освен витамин Ц, содржи и материја која се вика индол-3-карбинол (I3C), која кога ќе се изеде, во организмот се претвара во ди-индолил метан (DIM). DIM помага ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на 16-OH естроген, штетни материи кои исто така се одговорни за губитокот на квалитетот на колагенот.

Прокељ

И, не заборавајте!

За време на готвењето на зеленчукот, внимавајте зеленчукот да го готвите или динстате на тивок оган, со што помалку вода или на пареа. Така ќе сочувате повеќе витамини во зеленчукот.

И на крај, не заборавајте дека во бробата против целулитот, со правилна исхрана и доволно вода, помага и физичката активност.