Home ГОТВАЧ Толку вкусен домашен манчмелоу не сте пробале

Толку вкусен домашен манчмелоу не сте пробале

5455
G Natural

Манчмелоу, еден од слатките симболи на нашето детство, и денеска го јадеме со задоволство.

Што ако ви кажеме дека можете да направите и домашна верзија на овој популарен десерт, кој дури е подобар од оригиналот?

Пробајте, нема да се покаете.

Потребни состојки:

– 12 лажици кристал шеќер, 12 лажици шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 капки екстракт од ванила, 5 лажици ледено ладна вода, 7 јајца, 1/2 шоља масло, 10 лажици шеќер во прав, 7 рамни лажици брашно, 2 кесички ванилин шеќер, 3 рамни лажици какао, 1/2 кесичка прашак за пециво, 1 шоља топло млеко, 80 грама маргарин, 100 грама чоколадо, неколку капки масло.

манчмалоу

Подготовка:

Најпрво подгответе го бисквитот и тоа така што ќе ги одвоите белките од жочките. Белките ставете ги во фрижидер, додека го подготвувате бисквитот. Изматете ги жолчкте, додајте кесичка ванилин шеќер, масло и 10 лажици кристал шеќер. Матете со миксер додека смесата не се соедини.

Брашното измешајте го со прашак за пециво и какао. Соединете ја мешавината со јајцата и се заедно изматете, но овој пат со спатула, не со миксер. Смесата ставете ја во тава која претходно добро сте ја замастиле и запечете во добро загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Додека бисквитот се пече, направете фил и тоа така што добро ќе ги измешате белките за да направите цврст снег. Постепено додавајте шеќер и продолжете да матите. Во тенџере со пет лажици ледено ладна вода додајте 12 лажици шеќер во прав и екстракт од ванила, па загревајте додека не направите сируп.

Добиениот сируп додајте го многу полека во снегот од белки и продолжете да матите.

Печениот бисквит извадете го од рерната, па премачкајте го со бел филм. Ставете го во фрижидер два часа за фино да се стегне.

Растопете чоколада со маргарин, додајте масло и оставете малку да се излади.

Манчмалоуто извадете го од фрижидерот. Можете да го исечете како колач, или да го вадите со чаша за да изгледа како оригиналниот производ. Прелијте ги колачите со чоколадната глаура и повторно вратете во фрижидер за добро да се олади.