Home ГОТВАЧ главни јадења Толку едноставно а толку вкусно – динстан зеленчук

Толку едноставно а толку вкусно – динстан зеленчук

12681
G Natural

Состојки:

  • Малку масло
  • 1 главица кромид
  • 2-3 моркови
  • 50 гр шампињони
  • 1 пипрека
  • 2 тиквички
  • Брокула
  • Сол, бибер, вегета
  • 2-3 лажички ајвар

Подготовка:

Пропржете го кромидот на малку масло (посолете го за да омекне поскоро).
Додадете го на кругови исечканиот морков. Исечкајте ги на половина печурките и додајте ги во тавата. Потоа додадете ја на коцки исечканата пиперка. Исечкајте ги тивкичките на коцки и додадете ги во тавата. Додадете зачини и динстајте додека зеленчукот не омекне.
Во друг сад ставете вода и посолете ја. Кога ќе зоврие водата, ставете ги во неа цветовите од брокула. Варете ги 4 минути, потоа исцедете ги и ставете ги во другиот сад каде што се динста останатиот зеленчук.
Додадете го ајварот и динстајте уште две до три минути.
Добар апетит!
Совет: Доколку не сте на диета, во зеленчукот можете да додадете и малку павлака за готвење.

Динстан зеленук