Home ГОТВАЧ Тако салата – супер лесен оброк

Тако салата – супер лесен оброк

5131
G Natural

Состојки:

  • 350 г мелено телешко месо
  • 2 шолји зелени и црвени бабури, сечкани
  • 2 шолји салца
  • 1/4 шолја свеж коријандер, сечкан
  • 4 шолји марула, сечкана
  • 2 домати, сечкани
  • 1 шолја чедар кашкавал, рендан
  • 1 шолја тортиља чипсови, кршени
  • 1/4 шолја млад кромид, сечкан

Подготовка:

На тефлонска тава, на среден оган, пропржете го месото со бабурите. Потоа додадете салца, и мешајте додека не почне да врие. На крај додадете го коријандерот.

На четири чинии ставете од марулата, а врз неа ставете од месото. Додадете ги доматите, чедарот, тортиља чипсовите и кромидот.

Тако салата