Home ГОТВАЧ Супер брз Нутела колач со Јагоди – без печење, готов за десетина...

Супер брз Нутела колач со Јагоди – без печење, готов за десетина минути

8086
G Natural

Состојки:

  • 3 лажици слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажица цимет
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • ½ лажица Нутела (или било каков друг крем)
  • бисквити
  • свежи јагоди

Подготовка:
1. Во длабок сад измешајте ги павлаката, шеќерот и ванилата. Се заедно измиксирајте додека не добиете кремаста смеса (3-4 минути)
2. Во смесата додадете ја Нутелата и полека мешајте со лажица се додека во потполност не се соединат.
3. Во калап наредете ги бисквитите , така да го покријат дното на садот. Доколку е потребно, кршете парчиња со цел да се покрие дното.
4. Над бисквитите нанесете го кремот во дебел слој и рамномерно распоредете го. Додадете ги исечканите јагоди.
5. Врз кремот наредете уште еден слој бисквити па врз нив повторно рамномерно распоредете ја миксираната смеса.
6. Садот покријте го со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер.
7. Исечете го колачот на коцки или триаголници.
Совет:

Рецептот е за сад со големина од 20 сантиметри, па би требало да добиете три слоја бисквити и три слоја крем.
Добар апетит!

Нутеа торта