Home ГОТВАЧ бабини рецепти Совршена хармонија од мирис и вкус – Колач од кокос и гриз

Совршена хармонија од мирис и вкус – Колач од кокос и гриз

3949
G Natural

Состојки:

  • 180 гр пченичен гриз
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр кокос
  • 20 гр путер
  • 8 дл млеко
  • Екстракт од ванила
  • 2 јајца
  • Изрендана кора од лимон
  • Шеќер во прав

Подготовка:

На средна температура загрејте го млекото до точка на вриење.
Намалете ја јачината на ринглата, додадете гриз и мешајте со лажица додека да згусне.
Додадете го путерот, кокосот, лимоновата кора и екстрактот од ванила.
Кога ќе се соединат состојките тргнете го садот од огнот.
Кога смесата ќе се олади, додадете ги жолчките а белките посебно изматете ги во цврста пена. Пената додадете ја на смесата со гриз.
Префрлете во намрсен плех и печете околу 40 тина минути на температура од 180 степени.
Кога колачот ќе се излади, посипете го со шеќер во прав.
Добар апетит!

Колач од кокос и гриз