Солени сусам бомбици

Солени сусам бомбици

3966
СПОДЕЛИ

Состојки:

За тесто:

  • 500г Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 јајца (1 цело јајце +1 жолчка за тесто)
  • 2 лажички сол
  • 1 супена лажичка рум или коњак
  • 4 лажички прашок за печиво
  • 1 маргарин за готвење
  • 1 филџан кисело млеко
  • 1 филџан масло за јадење

Декорација:

Белка од 1 јајце, половина лажиче сол, 100г сусам

Подготовка:

Од горенаведените состојки се замесува тесто, се прават топчиња, кои најпрво се валкаат во предходно направен снег (од белка од 1 јајце со половина лажиче сол), а потоа во сусам. Бомбиците се редат во подмачкан плех со масло за јадење и се печат во загреана рерна на околу 200°С околу 25 минути.

Добар апетит!

PACKSHOT