Home ГОТВАЧ гезме Солени стапчиња од готови кори

Солени стапчиња од готови кори

35495
G Natural

Состојки:
• 1/2 кг. тенки готови кори
• 3 јајца
• 200 гр. урда
• 150 гр. сирење
• 150 мл. зејтин
• 200 мл. кисела вода

Подготовка:
Во еден сад ги мешаме јајцата,урдата и сирењето да се добие хомогена смеса.

Секоја кора ја попрскуваме со една лажица зејтин и една лажица кисела вода ја свиткуваме на пола
и по целата должина ставаме од подготвениот фил.

Краевите на кората малку ги свиткуваме на внатре за да не ни излезе филот и виткаме во ролат.

Свитканите ролати ги редиме во подмачкана тепсија и одозгора ги попрскуваме со кисела вода.

Вака спремените стапчиња ги печеме во загреана рерна на 200 Ц. околу 20 мин.
Идеја: доколку сакате да го смените овој класичен фил,  пробајте да ги наполните стапчињата со блитва и кашкавал или спанаќ, сирење и печурки.

Добар апетит!