Home ГОТВАЧ Со само 3 состојки направете совршен Лава колач (видео)

Со само 3 состојки направете совршен Лава колач (видео)

6614
G Natural

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1/4 чаша брашно
  • 250 грама млечно чоколадо или чоколадо за готвење.

Подготовка:
Скршете ги јајцата во сад за мешање и додадете брашно. Измешајте со миксер сè заедно.

Растопете го чоколадото и помешајте го со состојките во садот додека не се формира еднаква кремаста смеса. Истурете 1/3 од смесата во калапите за мафини.

Печете  во рерна на 180 степени околу 20 минути, или додека колачињата не се запечат однадвор, а средината да остане мека.

Совет:
Украсете ги колачињата со шеќер во прав и послужете ги во комбинација со сладолед од ванила или шлаг.

Добар апетит!