Home ГОТВАЧ Слатка пита од стар леб – интересен начин да се искористи стариот...

Слатка пита од стар леб – интересен начин да се искористи стариот леб

3357
G Natural

Состојки:

  • 4 кришки стар леб
  • 60 гр суво овошје (суво грозје, суви сливи, брусница….)
  • 2 лажици рум
  • 30 гр маргарин
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 7 дл млеко
  • 50 мл слатка павлака за готвење
  • малку екстракт од ванила
  • малку цимет
  • 2 лажици шеќер (за посипување)
  • Сувото овошје се потопува во рум.

Подготовка:

Лебот се мачка со маргарин  и се сече на помали коцки.
Парчињата леб се редат во сад за печење. Врз нив се распоредува исцеденото овошје.
Јајцата се матат со шеќерот, се додава млеко, слатка павлака, ванила, румот во кој се топело овошјето и цимет. Таа смеса се прелива преку лебот, се покрива со фолија и се остава во фрижидер најмалку 1 час.
Рерната се загрева на 180⁰С и смесата се пече околу 40 мин, додека горниот слој не стане крцкав. Се вади садот од рерна, се посипува колачот од леб со 2 лажици шеќер и се враќа назад во рерната уште 5 минути, да се карамелизира шеќерот.
Добар апетит!

Слатка пита