Home ГОТВАЧ Сладок крем и малини: Рецепт за торта која ќе ве освои на...

Сладок крем и малини: Рецепт за торта која ќе ве освои на прво залче

5300
G Natural

Доаѓаат потопли денови, а тоа значи дека ќе ви биде потребен десерт кој ќе ве освежи.

Оваа торта ќе ги освои срцата на вашите гости, а се прави многу брзо и што е многу важно за секоја домаќинка – оваа торта не се пече.

За овој десерт ќе ви бидат потребни следниве намирници:

– 5 мали кисели павлаки, 250 грама шеќер во прав, 4 кутии бисквити, 2 кутии малини или било кое црвено овошје по желба, 400 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Изматете ја киселата павлака со шеќер во прав. Во калап со четвртест облик наредете ги бисквитите, потоа премачкајте со половина од смесата со кисела павлака и на крај ставете малини.

После тоа повторете ја истата постапка.

Кога ќе ја потрошите смесата, премачкајте ја тортата со слатка павлака и ставете ја во фрижидер да се олади.

Немојте да се изненадите доколку ви го побараат рецептот.

торта со малини