Home СОВЕТИ Што значи датумот втиснат на амбалажата на продуктите?

Што значи датумот втиснат на амбалажата на продуктите?

1802
G Natural

Датумот со рок на траење на продуктите за храна можe да го заштити здравјето на консументите, но исто така тој датум навистина е повеќе важен за квалитетот на производот, отколку за безбедноста, и ако не се разбере точно неговото значење, може да ги натера потрошувачите да фрлат сосема безбедни производи за јадење…

Во текот на едно истражување направено во Америка над 2000 возрасни кажале дека ги фрлаат производите за кои веруваат дека не се безбедни да се јадат, што секако е добро, но важно е прво да се знае што навистина значи рокот на трање, пред да фрлите храна која не е расипана. Кои пет видови храна најчесто ги плашат луѓето дека се небезбедни за конзумирање, по поминување на рокот на траење? Според истражувањата луѓето најмногу се загрижени за млекото, урдата, мајонезот, јогуртот и јајцата, а еве што велат стручњаците:

 Млекото – ако правилно се чува во ладилник, тоа е безбедно и може да се пие уште една недела по датумот означен на пакувањето, иако се разбира ќе бидат намалени некои негови нутритивни вредности и може да е сменет вкусот.

Урда – пастеризираната урда трае околу 10 – 14 дена по изминување на рокот на траење.

Мајонез – неотворен, чуван во фрижидер, мајонезот може да се користи уште 30 дена, по рокот на трање. А ако е отворен треба да се изеде најмногу во рок од 3- 4 месеци.

Jогурт – јогуротот може да се пие после 7 дена од изминување на рокот на траење.

Јајца – правилно чуваните јајца во фрижидер имаат рок на трање 3- 5 недели, по поминување на рокот на употреба (доколку се купени во продавница и запакувани, со обележан датум)

Супермаркет

Ознаки и нивно значење

1. Датум – „Да се употреби до„ Оваа ознака или „најдобро е да се употреби пред„ , се датуми кои индицираат дека до последниот ден од впишаниот датум, производот има најдобар квалитет, вкус, текстура, изглед, мирис и хранливи вредности. Оваа ознака има значење за производи кои не се уште отворени.

2. „Да се продава до„ Ова всушност не е од значење за тоа дали е квалитетна храната или не, туку до кога може да се продава робата, а потоа треба да биде повлечена од продажба.

Правила

По правило на пакувањето од храната, треба да се впишани убаво денот, месецот и годината до кога таа е добра за употреба. А ако е прикажан овој датум, требад а стои објаснување дали е „да се продаде до„ или „може да се користи пред„. Болести од храна Заразувањето на храната во текот на подготовката, условите во кои таа се чува, се примарните причини кои можат да доведат до болести предизвикани од јадење храна, без разлика дали е подготвена дома или во ресторан и ова не зависи од рокот на употреба.

Причини кои можат да доведат до тоа се:

– Неправилно миење на рацете пред подготовка на храната

– Складирање на храната на погрешна температура

– Готвење на храната на не соодветна температура

– Вкрстена контаминација (свежо месо доаѓа во контакт со немиена салата, на пример)

– Неправилно миење на свежи производи

И за крај не заборавајте

Ако рокот за трање на храната сеуште е валиден, а почувствувате непријате мирис, има неправилна конзистенција, изглед, боја и се сомневате дека е расипана- фрлете ја!

Храна

Извор: превентус.мк